Водечкиот индекс на Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари пад од 1,17 отсто завршувајќи на 2,3211,59 поени. МБИД забележа пад на вредноста од 0,60% и изнесуваше 2,533,11 поени, додека ОМБ порасна за 0,06% и оствари вредност од 109,80 поени. Прометот на денешното тргување на берзата изнесуваше 6,034,195,93 денари преку 83 трансакции. Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 4,682,305,93 денари преку 62 трансакции, додека тргување во износ од 1,351,860,00 денари беше остварено на Редовниот пазар преку 21 трансакции. Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Комерцијална банка Скопје која се тргуваше по просечна цена од 3,266,54 денари и од преку 12 трансакции беше остварен промет во износ од 1,581,006,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 484 акции. Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше акцијата на Алкалоид Скопје со која беа остварени 1,025,911,00 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,757,92 денари, додека со нив се истргуваа 273 количина.
Водечкиот индекс на Македонската берза за хартии од вредност денеска оствари пад од 1,17 отсто завршувајќи на 2,3211,59 поени. МБИД забележа пад на вредноста од 0,60% и изнесуваше 2,533,11 поени, додека ОМБ порасна за 0,06% и оствари вредност од 109,80 поени.
Прометот на денешното тргување на берзата изнесуваше 6,034,195,93 денари преку 83 трансакции. Од овој промет поголемиот дел од вредноста се оствари на Официјалниот пазар за хартии од вредност од 4,682,305,93 денари преку 62 трансакции, додека тргување во износ од 1,351,860,00 денари беше остварено на Редовниот пазар преку 21 трансакции.
Најголемо учество во прометот на Официјалниот пазар имаше акцијата на Комерцијална банка Скопје која се тргуваше по просечна цена од 3,266,54 денари и од преку 12 трансакции беше остварен промет во износ од 1,581,006,00 денари, и при тоа со нив се истргуваа 484 акции.
Втора хартија од вредност по реализираниот промет беше акцијата на Алкалоид Скопје со која беа остварени 1,025,911,00 денари промет а при тоа се тргуваа по просечна цена од 3,757,92 денари, додека со нив се истргуваа 273 количина.
Трета по промет на овој пазар беше акцијата на Макстил Скопје со остварени 620,737,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 170,53 денари, и при тоа со оваа хартија се истргуваа 3,640 количина на акции.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност според класичниот промет беше акцијата на просветно дело Скопје со кои се истргуваа 388,800,00 денари на промет кои се тргуваа по цена од 1,600,00 денари по акција, додека вкупно се истргуваа 243 количина. Втори по својата вредност беше и акцијата на Тајмиште Кичево со кои се истргуваа 240 акции по цена од 1,550,00 денари за акција и остварија промет во вредност од 372,000,00 денари.